Вчера повеќе медиуми пренесоа дека по завршувањето на работното време на угостителските објекти во Кисела Вода дошло до инцидент каде вербално, со пцости и вулгарности се нападнати полицајци кои предупредиле за забраната за групирање, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Меѓу групата која се конфронтирала со полицијата беше пренесено дека е и омилениот екс советник на Заев, а сега директор на истражниот затвор Шутка, Филип Андов Сокол. Дали е точно дека во инцидентот бил вклучен Филип Андонов Сокол?
Каква е вмешаноста на екс советникот на Заев, Сокол во инцидентот со полицијата во Кисела Вода кој се крие од јавноста? Зошто не е поднесена пријава од полициката за сите други освен за екс советникот на Заев? До кога Скопје и Македонија ќе биде заложник на бандити кои се над законот? Наместо одговорност, Зоран Заев ги става на пиедестал насилниците и бандитите“, додаваат од партијатал.