Додека народот осиромашува, луѓе блиски до функционерите на власта трупаат милиони и имоти, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение во кое обвинуваат дека вработен во туристичката агенција во сопственост на семејството Груби основал фирма за баждарење на пиштолите за точење на гориво на бензински пумпи.
-Имено Ермир Имами вработен во туристичката агенција во сопственост на семејството Груби на 16.09.2021 формирал фирма Метролаб за баждарење на пиштолите за точење на гориво на бензински пумпи
Оваа компанија после 4 месеци добива акредитација од страна на институциите за вршење на инспекција на мерила за зафатнина и проток на течни горива и течен нафтен гас – баждарење на пумпи.
Овој голем газда на компанија продолжил да работи во фирмата на семејството Груби непосредно до моментот додека не е донесена одлука за измената на висината и начинот на наплатување на надоместокот за услугите, одлука донесена од Бирото за метереологија каде што директор е кадарот на ДУИ, Мерита Мустафаи.
Дали Артан Груби влијаел врз Имами да формира компанија за баждарење, дали потоа влијаел оваа компанија да добие акредитација, дали потоа влијаел да се менува тарифникот на услуги во интерес на компанијата Метролаб?