Владата должи одговор како и според кој критериуми е ангажирана фирмата на Нефи Усеини ќе учествува во изградбата на 400 киловолтниот далновод од Битола до Албанија?, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако советникот на ДУИ во Охрид се појави на почетокот на инвестицијата заедно со владини претставници.
-Како од толку многу реномирани компании со искуство во овој тип на градежни активности, токму компанијата на контроверзниот функционер на ДУИ ја доби оваа работа? Да потсетиме дека Нефи Усеини е познат по изградбата на дивоградбата во центарот на Охрид, по дивоградбата бетонска база непосредно до брегот на Охридското Езеро, познат по насилства и тепачки, познат по тоа добиваше тендери за рушење на дивоградби во Охрид иако самиот е градител на диво. Да биде срамот поголем пиунот Ковачевски, администратор на владата на ДУИ, рамо до рамо го промовираше овој проект заедно со Нефи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.