ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Советот на министри на ЕУ

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува позитивната одлука на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија, а воедно го очекуваме и датумот за првата меѓувладина конференција со земјите членки на ЕУ.

Ова е првата реакција на опозициската партија по одлуката на Европската унија за почеток на преговорите со Македонија.

- Advertisements -

-Европските определби се наша стратешка ориентација и преставува одлука темелена на заедничките напори на владите од потпишувањето на Спогодба за стабилизација и асоцијација од 2001-та година до сега, како и последователните 10 позитивни извештаи на Европската Комисија. Како што се посочува и од самата Унија потребно е да се исполнат голем број на реформи особено во правосудството, борба против корупцијата, економијата и заштита на стандардот на граѓаните. Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија, доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди. Добрата вест за граѓаните е што после следните парламентарни избори владата на ВМРО-ДПМНЕ успешно ќе ги спроведе преговорите и на брза трака ќе ја внесе државата во ЕУ, се вели во соопштението на партијата.

Поврзани новости