ВМРО-ДПМНЕ ја повика Телма да каже кој и врши притисоци

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ ја повика телевизијата Телма јавно да каже кој им се јавувал и и им правел притисоци на нејзините новинари и уредници, бидејќи, како што сметаат од владејачката партија, телевизијата има ваква обврска по кампањата дека нема да трпи притисоци и од власта и од опозицијата, преку симболика со исклучување на повиците од голем црвен телефон.

„ВМРО-ДПМНЕ инсистира Телма да објавува прилози какви што сака и да не прифаќа никакви притисоци. Но, во една ваква политичка ситуација, со вакви чудни маркетиншки потези, само добива сивило кое ни црвен телефон не може да го промени. Ако не ги ослови работите со име и со презиме, тогаш ќе остане јасно дека црвени телефони и површен маркетинг за слобода им се позначајни од транспарентноста и точното информирање“, стои во соопштението на ДПМНЕ.

Поврзани новости