ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за референдум со името Република Македонија

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ иницијативата со собрани 650 потписи за референдум до Собранието ја поднесе со името Република Македонија, односно не со новото уставно име Република Северна Македонија.

Како што изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски иницијативата е поднесена за Законот на ратификација на договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија, како што рече „онака како што беше и донесен во 2018 година, согласно тогашното и она име со кое ова законско решение е во сила“.

На новинарско прашање дали смета дека тоа ќе биде формално правна пречка за да помине иницијативата, тој одговори апсолутно не.

– Апсолутно не, бидејќи во 2018 година, кога е донесен договорот, и самото име на договорот е Договор за добрососедство, пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, додаде Мицевски.

Прашан кои ќе бидат следните чекори доколку претседателот на Собранието ја прогласи иницијативата за неуредна, тој одговори дека внимавале со самото прашање и како ќе биде правно-формално напишана и доставена до Собранието.

– Доколку не го помине првиот филтер, се надевам на свеста на пратениците од владејачкото мнозинство, затоа што гледаме дека не сите пратеници од владејачкото мнозинство гласаа за францускиот предлог, рече тој.

Поврзани новости