ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за референдум

by Fokus

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ја поднесува Иницијативата за започнување на процедура за утврдување на уредноста на Иницијативата за собирање на граѓански потписи за почеток на Референдумот кој што ВМРО-ДПМНЕ го најави, информираше Никола Мицевски, координатор на групата.

Тој изјави дека собрале околу повеќе од 650 потписи за не повеќе од половина час.

– Поентата на целата оваа работа е да ги слушнеме граѓаните во нашава држава, доволно нашава држава, граѓаните, беа заложници на 64 пратеници од власта што даваат поддршка, ајде еднаш да ги слушнеме граѓаните и да слушнеме што тие мислат за прашањата кои што ги тангирааат, како од меѓународната политика, така и од економијата и секојдневното живеење на нашите граѓани, рече тој.

Дополни дека Иницијативата е поднесена за Законот на ратификација на договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија, како што рече „онака како што беше и донесен во 2018 година, согласно тогашното и она име со кое ова законско решение е во сила“.

На новинарско прашање дали смета дека тоа ќе биде формално правна пречка за да помине иницијативата, тој одговори апсолутно не.

– Апсолутно не, бидејќи во 2018 година, кога е донесен договорот, и самото име на договорот е Договор за добрососедство, пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, додаде Мицевски.

Прашан кои ќе бидат следните чекори доколку претседателот на Собранието ја прогласи иницијативата за неуредна, тој одговори дека внимавале со самото прашање и како ќе биде правно-формално напишана и доставена до Собранието.

– Доколку не го помине првиот филтер, се надевам на свеста на пратениците од владејачкото мнозинство, затоа што гледаме дека не сите пратеници од владејачкото мнозинство гласаа за францускиот предлог, рече тој.

Поврзани новости