Коче Гаврилов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во изјава за медиумите кажа дека Владата предводена од СДСМ продолжувала со неодговорното однесување спрема граѓаните на Република Македонија.
-Иако во предизборниот период цело време најавуваа дека ќе бидат реформска, одговорна и домаќинска влада сега гледаме дека од самиот почеток на нивното владеење се луксузираат со народните пари. Народните пари очигледно имаат намера да ги трошат, освен за вдомување на своите соросови платеници и за набавки на октоподи, морски плодови, цвеќиња и слични непотребни трошоци, изјави Гаврилов.
Според него, службата за општи и заеднички работи при Владата објавила оглас за набавка на свежа риба, замрзната риба, октоподи и морски плодови во вредност од 400.000 денари.
-Повторуваа дека граѓаните немаат пари за леб, а откако дојдоа на власт нивните пари ги трошат за сопствени задоволства и луксузна храна која народот не само што не може да си ја дозволи туку единствено ја гледа само на филмовите, рече Гаврилов.
Тој додаде дека наместо да штедат како што најавувале, СДСМ продолжувале со нивното расипништво и парите на граѓаните на Република Македонија ги трошеле и на цвеќиња. Како што кажа Гаврилов, министерството за надворешни работи објавило оглас за набавка на цвеќиња во вредност од 305.700 денари.