ВМРО-ДПМНЕ молчи за опструкциите и нивната улога во лажните дојави за поставени бомби, порачаа утрово преку соопштение од СДСМ.
Од владејачката партија тврдат дека најголемата опозициска партија ја попречува работата на институциите во спроведување на мерките со справување со дојавите за поставени бомби во училишта.
Сметаат дека „со вакво неодговорно однесување, ВМРО-ДПМНЕ застанува зад хибридните напади, чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и страв кај граѓаните“.
-Новите протоколи се изработени од експерти и со нив се гарантира безбедноста на учениците и наставниците, како и непречено одвивање на наставата. ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја опструираат и поткопуваат работата на институциите кои работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настав, велат од „Бихаќка“.