Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски по завршувањето на Централниот комитет рече дека ВМРО-ДПМНЕ расчистило со хипотеките од минатото.
-ВМРО-ДПМНЕ одржа историска седница. ВМРО-ДПМНЕ има силен механизам во рамки на партијата кој секогаш успева да го исчиси она што е лошо од партијата и да се врати на идеалите и да се погледне во очи со народот. Со една длабока анализа со внатрешно прочистување и од денес нема ништо да е исто и ВМРО-ДПМНЕ завршува со хипотеките од минатото, доживува катарза. На иницијатива на Мицкоски, ЦК разгледа негов предлог за одржување Вонреден конгрес за потребата за гласање на доверба на претседателот, ЦК едногласно одлучи да го одбие овој предлог и дека претседателот ја има поддршката. Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО и на Македонија, заради силна соработка со Заев како и организирање на група за уцени и поткуп, со цел да гласаат за уставните измени, ЦК го разреши Митко Јанчев со тајно гласање и едногласно одлучи, го разреши Костадин Богданов. Заради истите причини ЦК од општинските комитети побара да се исклучат Сашо Мијлаков и Никола Тодоров, ЦК побара осумтте пратеници веднаш да поднесат оставка од своите позиции. ЦК го повикува ОЈО да ги истражи наводите за поткуп на пратеници. Сакаме да ја честитаме новата криминална коалиција Заев-Вице-Мијалков, рече Николовски.