ВМРО-ДПМНЕ измислуваат скандали, граничните служби се обврзани да ги пропуштат сите патници, велат од СДСМ

by Fokus

Фрустрирани од правдата и неселективното владеење на правото, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно и неодговорно однесување и во обид да ја манипулира јавноста, измислува случаи на злоупотреба, таму каде што нема.

Очигледно навикнати на времето кога државата се водеше од белиот дворец и кога Груевски по телефон поставуваше и разрешуваше судии, ВМРО-ДПМНЕ конструираат непостоечки случаи со цел да ја покријат спрегата на Орце Камчев и Христијан Мицкоски.

Портпаролот на Мицкоски, Димче Арсовски прво нека ја прочита одлуката за ограничување на движењето донесена од Владата, која предвидува сите наши граѓани што се враќаат од странство и влегуваат на територијата на Северна Македонија, на кој било од граничните премини, во временски период додека важи забраната и посебниот режим на движење, да им биде одобрено движење од граничниот премин до нивното престојувалиште или живеалиште.

Значи нашите гранични служби се обврзани да ги пропуштат сите патници, државјани на Северна Македонија, кои ќе се затекнат на некој од граничните премини по 22:00 часот, без да има потреба од какви било укажувања.

Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, нема што да понуди, освен измислици, манипулации, опструкции и лажни вести и затоа е поразувана од граѓаните и уште долго ќе биде во опозиција.

Поврзани новости