Со последниот јавен настап, наследничката на соработникот на службите Владимир Милчин, докажа дека Сорос целосно го поддржувал и прикривал Заев во криминалното владеење со Општина Струмица, заклучуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Сега е целосно јасно зошто наследничката на Милчин ја фаќа паника дека после 24 години, институциите конечно си ја вршат својата функција и како и во секое друго правно лице вршат инспекциски надзор. Народот на 11-ти декември гласаше против деструктивната политика на СДСМ/Сорос. Народот гласаше против платеничката револуција, против насилството врз полицијата, против вандализмот, палењето и уништувањето на државни институции и спомен обележја. Народот гласаше против СДСМ/Сорос и испрати порака дека е време за десоросоозација, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.