ВМРО-ДПМНЕ: Инфективното одделение во Штип остана без боци за кислород

by fokus

Пискотници се слушаат од Ковид центарот на Источна Македонија. Болните од надвор се молат за легло повеќе, а болните внатре за кубик кислород.
Сведоштвата на вработените, болните и нивните роднини говорат дека состојбата на Инфективно одделение е катастрофална, обвини на прес-конференција Санела Петрова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес Штип останал без боци за кислород, кои дури и доколку ги има не се соодветно оперира со нив. Клиничката болница не располага со централен довод за кислород, кое ја прави зависна од овие боци, меѓутоа во случаите кога на пациентите им се дава неопходното количество, тоа се врши на опасен начин.
Поради непостоењето на регулатор за кислород, кој чини само 50 евра, пациентите добиваат несоодветна количина од овој гас. Освен тоа, една маска се користи за сите пациенти болни од КОВИД-19, а не ретко и нема можност да се опслужат неколку пациенти оддеднаш. Очигледно, пациентите на Инфективно се оставени на совест на вработените, во ситуациите кога се селектира кој пациент ќе го добие потребниот кислород. А сето тоа поради неодговорност на власта и ограничените ресурси во болницата, изјави Петрова.

Поврзани новости