ВМРО-ДПМНЕ: И со рестриктивни мерки Македонија лошо се справи со вирусот

by Фокус

Македонија под власта на СДСМ има најлоши резултати во борбата против коронавирусот, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, откако власта најави дека вирусот се смирува и дека се укинуваат мерките.

„Додека другите држави во окружувањето и по 10-тина дена немаат регистрирано ниту еден нов случај, Македонија бележи и новозаразени и нови смртни случаи. Словенија, Хрватска и Црна Гора немаат нови случаи повеќе од 10 дена. Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот. Не се справи заради лошиот менаџмент на владата. Лекарите, медицинските сестри и болничарите сами си купуваа заштитна опрема. Државата буквално беше оставена на милост и немилост“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости