ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања кој е виновен за настаните во Тетово и Скопје

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ утрово излезе со обвинување да не се прават дека не знаат за посетата на косовскиот премиер Курти, и да одговорат кој дозволил полициско обезбедување за него. СДСМ пак излезе со обвибување дека неформален организатор на јавните собири во Тетово и Чаир по повод доаѓањето на Албин Курти се неформалните коалициски партнери на  ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател Христијан Мицковски.

„СДСМ се прават дека ништо не знаат, за ништо не се виновни, како да се паднати од Марс и за промената на имињата на улиците од 2021 година, така и за посетата на косовскиот премиер Албин Курти. Едногласно и шверцерски СДСМ и ДУИ во март 2021 година променија 485 имиња на улици, мостови и други објекти во Скопје, меѓу кои и улицата Втора македонска ударна бригада во Адем Демачи. Без никаква поврзаност со историјата на државата, ниту пак некаква поврзаност со Скопје има Демачи, напротив тој е познат по националистичките сфаќања за туѓи држави“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

Од опозициската партија прашуваат ако владјачките СДСМ и ДУИ не знаеле за посетата на Курти, кој дал дозвола за целосно обезбедување на настаните од МВР.

„Дали доколку Албин Курти бил на приватна посета во Македонија му следи целосно обезбедување од МВР. Спасовски да одговори по кој основ и му е доделено полициска заштита во приватна посета и кои ќе ги плати прошците за ангажирање на службени лица од МВР?“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Од Владејачката СДСМ пак побараа одговори од Христијан Мицковски за настаните во тетово и Скопје, бидејќи тие се ирганизирани од неформалните коалициски партнери на Мицковски и ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски да не се крие, да излезе пред јавноста и да одговори околу настаните во Скопје и Тетово, кои беа во организација на неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ. Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа. Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата, а сега ДПМНЕ наводно е згрозена од неговото дејствување. ДПМНЕ, како наследник на соработникот на фашизмот Ванчо Михајлов, нема кредибилитет да зборува ниту за историјата, ниту за сегашноста, а најмалку за иднината на државата.

Поврзани новости