ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно се обвинија за предвремен почеток на кампањата, ДИК им ги отфрли приговорите

by fokus

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 71. седница ги отфрли сите поднесени приговори од коалицијата  „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и од Левица. Како што кажа претседателот на ДИК, Оливер Деркоски сите приговори се однесувале за предвремен почеток на кампањата, но немало цврсти докази.

-Во сите овие приговори е наведен основот за предвремен почеток на кампања. Но, во истите приговори недостигаат одредени елементи кои можат да го карактеризираат прекршкот како предвремен почеток на кампања и на некој начин нивно точно прецизирање, за кој, каде и каков настан, освен слики од социјални мрежи од кои не може точно да се утврди за што точно станува збор, рече Деркоски.

Поврзани новости