ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја осудија изјавата на Касами

by Fokus

Градоначалникот на Тетово Касами очигледно нема ориентација во просторот, велат од ОО СДСМ Тетово, по објавата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами на неговиот фејсбук профил, каде фотографиран со градоначалници Албанци од регионот напиша „Добредојдовте во албанскиот главен град на Северна Македонија“.

„Недостојно е за еден градоначалник кој својата плата ја зема од парите на тетовчани кој се и Македонци и Албанци и Турци и Срби, Роми и останати, да споделува вакви ставови фаворизирајќи една етничка група. Да го потсетиме градоначалникот Касами дека на таа функција дојде благодарение на поддршката која му ја даде ВМРО-ДПМНЕ, односно со помош на македонските гласови“, велат од СДСМ.

Изјавата на Касами ја осудија и ВМРО-ДПМНЕ, кои се коалициски партнери на градоначалникот. Имено благодарени на членството на ВМРО-ДПМНЕ во оваа Општина, Касами го доби мандатот за градоначалник, а мнозинството во Советот го одржува со советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Објавата на градоначалникот Касами на неговиот Фејсбук профил оправдано предизвика бура на реакции кај Македонците. Со оваа реакција на неговата објава ние како Општински комитет на ВМРО – ДПМНЕ Тетово сакаме да укажеме дека градоначалникот на Тетово треба да е свесен дека промоцијата на Тетово како центар на една заедница подразбира дискриминација на Македонскиот народ и сите други кои живеат во Тетово. Тоа ние нема да го дозволиме. Тетово за нас е, и секогаш ќе биде срцето на Македонија и никогаш нема да биде центар само на една заедница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости