Новоименуваниот директор на ЈП Водовод и Канализација, Митовски ги потврди позициите на Златко Перински, кого Данела Арсовска го разреши затоа што му наложи, а тој одби да ја промени комисијата за евалуација на тендерот за пречистителната станица, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Марјанчо Митовски кадарот на Арсовска ја демантира самата неа. Директорот потврди дека не може да се спроведе замислата на Арсовска за менување на Комисијата. Впрочем ова го посочи и Европската Инвестициска банка која го кредитира и води проектот, кога застана во одбрана на ставовите на претходниот директор Перински.
Сега кога Арсовска е оставена сама со своите каприци, останува нејасно зошто го разреши Перински, врз кого вршеше притисок да ја промени Комисијата за тендерска евалуација? Кој беше мотивот на Арсовска да го загрози процесот? Дали водена од истите свои бесмислени ставови ќе наложи разрешување и на сегашниот директор Митовски кој самата го именуваше?, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Арсовска треба да се соземе и да прифати дека со проекти финансирани со европски пари не може да се однесува самоволно и деспотски.