По денешното прегласување во неколку избирачки места Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предводена од СДСМ не успеаа да му го земат пратеничкиот мандат на Исмаил Јахоски од ДУИ кој стои позади контроверзната компанија „Пуцко петрол“.
И покрај прегласувањето нема промени во прераспределбата на мандатите во изборната единица пет, па останува ВМРО-ДПМНЕ со 10 мандати во ИЕ 3, Европски фронт 4, СДСМ три и по еден имаат Левица, Вреди и ЗНАМ.
Ова пратеничко место, ако имаше промени, можеше да го добие пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Лазе Јакимовски или Боби Мојсоски од ЛДП, но сепак мандатот останува кај Јахоски од ДУИ.
Според резутатите од ДИК, Во ИЕ 5 коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ на 8 мај имала 26 904 гласа, а сега, со денешното прегласување, има 26 668 или 236 гласа помалку, коалицјата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ имала 73 916 гласови на 8 мај, а сега има 74 287 или 371 глас повеќе, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ имала 27 013, а сега 27 278 или 265 повеќе, Левица имала 9 926, а сега 9 850 или 76 помалку, „Вреди“ имале 11 067, а сега 10 793 или 274 гласа помалку, движењето ЗНАМ имало 8 757, а сега 8 671 или 86 гласови помалку.