Во соопштението на ДС се вели: „Факт е дека кадар на Демократскиот сојуз, Борче Јакимовски, раководеше со јавното претпријатие ‘Градски паркинг’. Факт е дека претпријатието, не само што нема никакви финансиски дубиози, туку секоја година остваруваше добивка, а реализирани се и значајни инвестиции за унапредување на паркирањето во градот.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ го обвини Демократски сојуз и неговиот лидер Павле Трајанов дека бил приврзок на СДСМ. Тие денеска пак зборуваа за работењето на „Градски паркинг“ во Скопје, чиј директор беше кадар на ДС.
„Приврзокот на власта, Павле Трајанов, очигледно својата верност на СДСМ ја наплатувал со самоволие во ЈП ‘Градски паркинг’, каде се вработувани партиски функционери на Демократскиот сојуз, нивни роднини, кумашини, блиски, каде на располагање им биле оставени канцеларии, службени мобилни, службени автомобили, да функционираат како клон на партиското седиште. Притоа да имаат комоција да тргуваат со влијание, со години да нудат и обезбедуваат бесплатен паркинг во Скопје“, рече портпаролот на партијата Наум Стоилковски.