Последиците од договорот за добрососедство со Бугарија, јавноста веќе може да ги види. Во низа се редат антимакедонските ставови кои доаѓаат од високи општествени и политички дејци од Бугарија со кои се погазува и негира македонскиот идентитет, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Последната доаѓа од Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик од Софија која ја оспорува засебноста на македонскиот литературен јазик и која вели дека македонски јазик не постои, јазикот е измислен и дека е западно бугарски дијалект. Сето ова е резултат на штетниот договор што Зоран Заев го потпиша во кој Македонија и Бугарија немаат рамноправна положба и со кој македонскиот јазик наместо реалност се сведе на уставна категорија. Да биде уште посериозно, изјавите на Кочева речиси во целост се поклопуваат со изјавите на Мирослав Грчев, висок партиски функционер на СДС, кој тврди дека македонската држава, македонската нација и македонскиот јазик се измислени од страна на Југославија – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.