ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните секој ден се посиромашни, а Заев се фали дека блескаме

by Fokus

Граѓаните секој ден се се посиромашни, Заев се фали дека блескаме, а 55.000 луѓе останаа на улица, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев го злоупотребува буџетот за поткуп, наместо за помош на граѓаните и стопанството. Таканаречениот пакет на антикризни мерки заврши за купување гласови. Доказ дека мерките немаа реален ефект се 55.000 работници на улица.

Заев се фали дека блескаме, а народот нема ниту за леб. Во времето на Заев во последната година, се случи втората најмасовна катастрофа во економијата, по транзицијата. 1.5 милијарди евра е зголемен јавниот долг, а економијата тоне.

Граѓаните секој ден се се посиромашни. Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден. Народот буквално неа за леб, а Заев се фали со некакви 1.2 милијарди евра помош која е исплатена.

Помошта на Заев е лага. Доказ за тоа се и тутунарите, кои не можат да измолат за откуп на нивниот тутун, и десетици илјади семејства кои ќе останат гладни.

Доколку Заев навистина исплатил 1.2 милијарди евра помош, немаше да имаме катастрофа на секој чекор“, додаваат од опозицијата.

 

Поврзани новости