430
Помина една недела од посетата на Заев на Софија во која како што самиот рече ги усогласил сите точки од договорот со Бугарија, а од потпишувањето го делело само едно обично кафе пиење, но граѓаните се уште не знаат што Заев договарал и што ветил, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Заев во текот на изборната кампања постојано зборуваше дека новата Влада ќе биде транспарентна, ќе отвора експертски дебати за сите позначајни општествени и државни прашања и ќе ги консултира граѓаните на јавни расправи, за сега да гледаме дека ништо од тоа не е пракса. Заев од Софија кажа дека ќе има бришење на одредени термини од историјата на Република Македонија, без да каже кој ќе одлучи што ќе се брише – се наведува во партиската реакциија.