Градоначалниците од СДС имаат само матни зделки и криминали, затоа се кријат и немаат отчети, критикуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Пример како функционира СДС е работата на градоначалникот на Центар, каде се продаде земјиште во строг центар за само седум евра за метар квадратен.
Земјиштето спроти Нова Македонија е продадено по мизерна цена од 7 евра, а вообичаено цените одат и над 2000 евра за метар квадратен. По примерот на Центар е и Берово. Во Берово хотелски комплекс ќе гради мајката на Стефан Богоев.
Додека Богоев е висок функционер на СДС неговото семејство купува имот во општина каде власт е СДС со маркица за градба на хотел. Градоначалниците на СДС не можат да се пофалат со проекти за граѓаните, но со многу матни зделки од типот на Центар и Берово“, додаваат од партијата.