Зоран Заев молчи по прашањето дали навистина сака да го направи македонскиот народ геноциден народ, работа за која во јавноста проговорија некои македонски историчари, констатира ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение, полемизирајќи повторно во врска со случувањата со Бугарија и обвинувајќи го премиерот дека ги крие своите позиции.
-Зоран Заев се крие од македонската јавност и не сака да го каже својот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик. Заев спрема декларација на Договорот со Бугарија, за кој тврдеше дека е финален и ги затвора сите отворени прашања и дека истиот ја гарантирал европската иднина на државата. Сега гледаме дека Заев ги лажел граѓаните. Договорот кој го потпишал ниту е финален, ниту ја гарантира европската иднина на државата, оценуваат од опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев целиот мандат го поминал во потпишување договори, а земјата тапка во место.
-Заев нема став и не ги осудува нападите кои доаѓаат кон Македонија. Заев, како премиер, ги обременува и државата и народот со работи за кои не се преговара. Заев треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува продавањето на Гоце Делчев и намакедонскиот јазик и дека секој негов договор за тоа нема да биде почитуван од ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде поништен со нашето доаѓање на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.