ВМРО-ДПМНЕ го прашува Обвинителството дали снимката од кабинетот на премиерот е од законски издадени ПИМ мерки?

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство да открие од каде се снимките на кои, како што велат, лидерот на СДСМ Зоран Заев признава соработка со тајна странска служба.

– Кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки, или не е, и за што станува збор? – побара владејачката партија од Обвинителството, во рамки на реакцијата кон портпаролот на социјалдеморатите, Петре Шилегов.

Шилегов претходно обвини дека премиерот Никола Груевски е вплеткат во кривично дело со објавување на снимката од неговиот кабинет и најави објавување на компромитирачките материјали за власта.

Поврзани новости