ВМРО-ДПМНЕ денеска во 16:30 часот ќе одржи протестен марш кој ќе започне пред Министерството за правда. Во повикот партијата го повикува членството и граѓаните со поими кои додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт не ги спомнуваше како: право, правдина, реваншизам, покорност.
Партијата ги повика граѓаните да покажат дека се слободоумни и самовесни.
-Биди пиреј. Приклучи се на маршот за правдината и за татковината“. И таа борба започнува со силата на помал број на посветени и непокорни луѓе, за потоа да блесне и да го осветли целото општество. Таа борба подразбира истрајност, страдање, храброст, идеја, чест и име. Биди и ти дел од генерацијата која ја започнува борбата за правдината. Впиши го своето име на светлата страна на нашето секојдневие и нашата иднина. Кога правдината е погазена, Татковината е ослабена. Татковината не може да оди напред кога правото станува неправо, кога реваншизмот станува стил на живот, кога политичкиот прогон прераснува во страст, а покорноста се претвора во вредност. Без правдина – нема Татковина! Затоа непокорот е одговорот! Животот во помал дел е она што ти се случува, а во најголем дел е како ти реагираш на она што се случува. Браќа и сестри, дами и господа, вие сте тие кои реагирате и кои одлучувате! Да покажеме дека сме слободоумни, самосвесни, слободни луѓе, кои не се плашат од ризиците туку смело им пристапуваат, кои не се штедат за да се борат за правдината, и кои не се срамат што си ја сакаат Татковината, се вели во повикот на ВМРО-ДПМНЕ.