494
ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестниот собир пред Влада кој беше најавен за вечерва во 19 часот. Како што соопштија од партијата протестот е одложен за на 3 декември, пренесе телевизија 24.
Собирот требаше да биде реакција на одлуката за притворот на градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко, но денеска Кривичниот суд му ја укина мерката притвор на Темелко и му ја замени со куќен притвор.