ВМРО-ДПМНЕ го држи градоначалникот Лукровски во „куќен притвор“, тврди ексградоначалникот Јакимовски

by jadranka 20:17
20:17

ВМРО-ДПМНЕ го стави Сотир Лукровски во домашен притвор, вели ексградоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Градоначалникот Лукровски официјално од минатата недела е на боледување, а со Општината раководи членот на Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ Неделчо Крстевски. Тој денеска дошол во Општината и одржал и состанок со раководителите на секторите.

Крстевски со овластување од Лукровски е назначен за в.д. градоначалник. Според решението кое е објавено во Службен гласник на Општина Карпош на 7 мај, Неделчо Крстевски ќе го менува градоначалникот во периодите кога тој е отсутен, а е назначен и за овластен потписник на сите сметки и финансиски документи на општината. Во документот се наведува дека тој ги има истите права и обврски како и градоначалникот.

Ексградоначалникот Јакимовски вели дека Лукровски не сака да ја води Општината и веќе си поднел оставка, но партијата не му ја прифаќа и сега на овој начин сакаат да останат да раководат со Карпош.

„Сега Лукровски не може да излезе од дома, го ставија во домашен притвор. Ако е болен треба да седи дома, да се лекува, ако излезе од дома ќе го видиме, некој ќе го слика. Колку ќе трае оваа боледување? Да се биде градоначалник воопшто не е лесна работа, а многу кандидати тоа не го сфаќаат. Сега Карпош ќе биде оставен да тапка во место“, ни изјави Јакимовски.

Слични вести