ВМРО-ДПМНЕ го демантира Нонковиќ: Груевски не поседува згради во Белгија, ниту е на докторски студии во Монте Карло

by Fokus

Опозициската ВМРО ДПМНЕ ги демантира информациите изнесени од новинарот Бобан Нонковиќ дека Никола Груевски поседувал згради во Белгија, банки и дека бил на докторски студии во Монте Карло.

Според партијата исказите на поранешниот дописник на МИА се невистини и манипулации, со кои се дезинформира јавноста.

„Не постојат згради во Белгија во сопственост на Никола Груевски или пак на некој од неговото блиско опкружување, ниту Груевски поседува банки. Неточни се и информациите за наводна контрола на пола стопанство и за правење униформи на некои здруженија. Лага е и информацијата дека Никола Груевски е на докторски студии во Монте Карло. Тој пред повеќе години имал понуда за стипендија за докторски студии на ИУМ која првично ја прифатил, но веднаш потоа се откажал заради проценка дека нема да може истовремено да ја обавува државната функција и да има чести патувања и отсуства од земјата и работата, а поврзани со докторатот. Никола Груевски во моментот е докторант на економскиот факултет во Скопје – се наведува во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости