ВМРО-ДПМНЕ го блокираше животот во Скопје, велат од СДСМ

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ за една година комплетно го блокираше животот и развојот на главниот град, скопјани не заслужуваат ваква деструктивна, неодговорна градска власт, која знае само за неработење, хаос, кавги за тендери и бизнис влијанија велат од СДСМ.

„Во Град Скопје продолжува хаосот поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски. За една година ВМРО-ДПМНЕ комплетно го блокираше животот и развојот во главниот град.

Го претворија Скопје во град со нефункционални претпријатија, кои не можат да ги обезбедат основните функции за граѓаните. Скопјани се оставени без јавен превоз, ЈСП тонe во долгови, а ништо не е подобра ситуацијата и во други јавни градски претпријатија“, се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости