464
Министерот за здравство и директорката на гинекологија одлучија да го сокријат скандалот и објавија за трагедијата дури откако за истата почна да се говори во јавноста. Два дена откако се случила. Сите се загрижени што се случува на гинекологија и зошто овие информации се кријат од јавноста, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека СДС со брутална партизација на институциите и со поставувањето на некомпетентни партиски кадри државата ја турка во хаос. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека именувањето на Викторија Јовановска за директор на Гинекологија само поради тоа што била блиска другарка на сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева ќе има сериозни последици – рече Андоновска.