ВМРО-ДПМНЕ ги охрабри своите пратеници да гласаат неселективно за одземањето на мандатот на Груевски

by fokus

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по вечерашната седница ги охрабри своите пратеници да бидат неселективни и да ги почитуваат законите при гласањето за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

-ВМРО-ДПМНЕ опстојува на принципиелност, честитост, искреност и доследно применување на законите и Уставот на Република Македонија, без оглед на политичката, општествената или било каква друга припадност, за разлика од непринципиелноста, криминалот, неправдата и селективноста во примената на законите и Уставот од страна на власта на СДСМ и Зоран Заев. Водени од погоре кажанато, апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на Република Македонија да постапат на начин на кој неселективно ќе ги почитуваат законите и Уставот и во случајот со пратеникот Никола Груевски. Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на г-динот Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на РМ да постапат согласно законите и Уставот на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ смета дека политичкиот прогон на власта, селективноста во примената на законите, и штитењето на вистинскиот криминал кој го прави власта е разликата која треба да се подцрта и осуди од секој одговорен субјект, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Законот за уставните и деловничките одредби за одземање на мандатот на пратеник:

“На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. Одземањето на мандатот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“

Поврзани новости