ВМРО-ДПМНЕ ги објави носителите на листи за парламентарните избори.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ја предводи листата на пратеници во првата изборна единица, Мисајлоски во двојката, Ковачки во тројката, потпретседателот Николовски во четворката и пратеничката Дафина Стојановска во шестата изборна единица.
Мицкоски потврди дека денеска ќе биде познат и носителот на листа во петтата изборна единица.
Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање, бидејќи како што рече изборот е ВМРО-ДПМНЕ од една страна и двоецот СДСМ-ДУИ од друга.
Мицкоски најави дека по преземање на власта, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара со сите околу билатералните прашања со Бугарија, но само ако се почитуваат Копенхашките критериуми.
Рокот за доставување на кандидатските листи до Државната изборна комисија истекува на 2 април на полноќ.