ВМРО-ДПМНЕ ги напушти преговорите откако тоа го побараа уредниците на МРТ, Сител и Канал 5

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ предмалку ги напушти преговорите кои се однесуваа на Законот за медиуми, како и за други прашања поврзани со медиумските слободи. Ова го потврди и посредникот во преговорите, Питер Ванхојте, кој во изјава за ПлусИнфо рече дека не може да ја коментира оваа постапка на владејачката партија.

-Не можам да ја коментирам оваа постапка. Ние веќе неколку недели се обидуваме да најдеме договор за ова прашање, но нема напредок меѓу партииите. Се трудиме да најдеме решенија и сите да се конструктивни. Не е добро да се напуштаат преговорите. И досега се случуваше вакво нешто, но партиите сепак се враќаа на преговарачка маса. Се надевам, дека и сега ќе биде така, изјави Ван Хауте.

Претходно, уредниците на МРТ, Сител, Канал 5, Алфа и Дневник побараа да бидат прекинати преговорите за медиумите се додека не се смени владејачката гарнитура на СДСМ.

 

Поврзани новости