ВМРО-ДПМНЕ: Фракцијата на Андонов е обид за дефокус на власта

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ реагира на фракцијата која денеска ја објави Оливер Андонов за која велат дека е толку безнадежна и безначајна што не заслужува посебен коментар.

-ВМРО-ДПМНЕ води на сите анкети и ја има убедливата поддршка од граѓаните кои бараат промени во власта. Секако тоа го стимулира амбициите на луѓе и поединци кои се насочени исклучиво кон добивање на функции и позиции, а кои откако нема да ги добијат стануваат жестоки критичари и на тој начин сакаат да влезат во фокусот.
Нормално бидејќи на власта и е потребно дефокус од скандалите, од дезертерствата, инфлацијата и енергетската криза совршено во тој план се вклопуваат таквите поединци и разно разни нејзини инсталации и уценети поединци на кои ќе им дадат гласност. Како резултат на сѐ поочигледната кадровска и програмска индиферентност на СДСМ, не би нѐ изненадило и други ликови од темниот полусвет на македонската политика да ги злоупотреби за да создава некаков привид за наводно неединство во ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштенението на партијата.

 

Поврзани новости