Венко Филипче уште еднаш покажа дека не може сам да стои на свои нозе во политиката и избра кадри кои се продолжена рака на Зоран Заев, се вели во писмената реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ по синоќешниот Централен одбор на нивниот политички опонент на кој СДСМ избра генерален секретар, потпретседатели и двајца организациски секретари.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека свежина и промени не се ни на повидок, а наводните промени не се ништо друго освен продолжување на политиката на Заев.
” По изборот на Централниот одбор во кој има само поранешни функционери на СДС од времето на Заев, како и заменик претседателката Фани Каранфилова-Пановска која се бореше со сите сили да го устоличи Заев за премиер и со изборот на потпретседателите, како и генералниот секретар, така и двајцата организациски секретари докажа дека нема ништо ново освен стари излитени кадри.
Потпретседателите се само продолжена рака на Заев кои во негово време беа стоти ешалон сега му ги нуди на Филипче за во прв. Поранешната министерка за животна средина е потрчко на Заев. Ана Чупеска-Станишева, професорка на Правниот факултет во Скопје ‘Јустинијан Први’ е позната во јавноста по налудничавата идеја стотина македонски новинари да завршат в затвор. Кристина Костова која како печат од своето делување ја има само Шарената револуција“ се вели во соопштението на владејачката партија.