ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во друштво на Заев грчките плажи ги замени со приватни журки во луксузни хотели во Дубаи

by Fokus

„Лицемерието, арогантноста, аздисаноста и одродувањето биле одлика на досегашните раководства на СДС. Во тоа доследно ги надгради и прошири и Венко Филипче, за кој, патем, 29% од македонските граѓаните не знаат дека тој е претседател на СДС. Ароганцијата покажана на последното негово појавување пред новинарите ги помина сите досегашни граници. Венко Филипче, наместо да даде отчет за видеото кои руши рекорди на гледаност по социјалните мрежи, на кое се гледа како тој во друштво со неговиот другар, Зоран Заев видно расположени се журкаат на приватна забава по луксузни хотели во Дубаи, надмено и арогантно одговара дека не коментира приватни работи“ соопштија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Додека граѓаните мака мачат да го врзат месецот од први до први, Филипче и Заев трошат илјадници евра за приватни забави по ексклузивни дестинации, велат од партијата.

„Откако се врати од Дубаи на Филипче му текна дека тој на хартија е претседател на СДС, па на лицемерен начин се обидува да ја замајува јавноста дека се грижел за стандардот на граѓаните. За оној животен стандард кој тие во нивното владеење го уништија и во чие време оставија 500 илјади македонски граѓани на прагот на сиромаштија со по 150 денари на ден. На таков начин не се води ниту куќен совет, а не пак политичка партија, затоа да не се чуди Филипче зошто ни членовите на неговата партија не му веруваат и зошто рејтингот му е само 5% и истиот дополнително се намалува. На Македонија и треба консолидирана опозиција, а аздисаноста и арогантноста граѓаните знаат да ја казнат, како што тоа го направија на двојните избори во мај“ се вели во соопштението.

Поврзани новости