Веќе два месеци министерот за здравство, Венко Филипче, не може да спроведе вакцинациј за сезонски, а најавува вакцини против ковид-19, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, десетици илјади граѓани два месеци чекаат вакцина за грип, која требаше да ја примат уште во октомври.
-Системот е целосно крахиран. Вакцина уште нема. Истиот тој Филипче кој не е способен да обезбеди вакцина против сезонски грип сега најавува ковид-вакцинација. Како мисли Филипче дека граѓаните ќе му веруваат кога не е способен да направи обично вакцинирање, дека ќе може да направи масовна вакцинација?! Уште сега апелираме, да се направи план за ковид-вакцинација и да се вклучат сите потребни експерти. Да не се доведеме во ситуација како држава да имаме редици луѓе пред болниците и нови потенцијални кластери, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до медиумите.
Додаваат дека е алармантна ситуацијата со ковид, бидејќи секојдневно се соочуваме со на илјада заболени.
-Секој ден се рушат негативни рекорди и државата се завива во црно со десетици мртви. На врвот сме по бројот на смртни случаи на милион жители. Венко Филипче наместо да понесе одговорност оди низ Македонија и си тера партиска кампања. Филипче не е само партиски функционер на СДСМ, туку и министер за здравство, а како таков здравјето на граѓаните мора да му биде на прво место. Но тоа во изминатиов период не го покажа. А нема ни образ за да си поднесе оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.