ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да ја зголеми вакцинацијата, тој трча кај малите зоранчиња!

by Fokus

Наместо да ја стави на најсилно ангажираноста за зголемување на бројот на вакцинирани, Венко Филипче се фрли во кампања да ги претставува малите зоранчиња, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во секој клучен момент од КОВИД пандемијата Филипче е секаде, само не онаму кај што треба. Сега кога се вакцинирани околу 40 проценти од населението, Филипче наместо да работи на зголемување на вакцинацијата, Филипче трча, се слика по маратони, тера маркетинг, потоа се префрлува на терен, но не на оној од каде што зема плата од народни пари, туку на политичкиот, зорановиот, ја трча кампањата за локалните избори. На 17 октомври ќе почне падот на политичарите од типот на Заев и Филипче. По 17 октомври ќе започне нова иднина со проекти“, велат од опозицијата.

Поврзани новости