ВМРО ДПМНЕ: Филипче ја претвори Македонија во гробница, за ова ќе одговара

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче ја претвори Македонија во гробница, за ова ќе одговара. Секое деноноќие Македонија брои по неколку десеттина починати и затоа треба да поднесе оставка, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Вкупната бројка на починати е речиси 4.600 граѓани.

За разлика од скоро двамилионска Македонија која брои по неколку десеттина починати за 24 часа, шеесетмилионска Велика Британија за едно деноноќие има едноцифрена бројка на починати, Израел со осум милиони жители исто бележи едноцифрена бројка на починати, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија има вакцинирано само околу еден процент од населението.

По број на вакцинирани убедливо водат Сејшелите со повеќе од 60 проценти вакцинирано население. Околу 60 проценти од населението вакцинирано е и во Израел.

Доколку Филипче наместо провизии, трчаше по вакцини немаше да бидеме црна дупка во светот! Филипче ја претвори Македонија во гробница! Затоа, Филипче оставка веднаш! Филипче ќе одговара за сето зло што им го нанесе на граѓаните!, смета ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани новости