Венко Филипче и Зоран Заев ги врзува една силна врска, тоа се меракот за пари и коруптивни зделки. Да потсетиме овие двајца браќа по криминал и корупција уште во 2018-тата година се врзаа во еден скандал, едниот како премиер, другиот како министер. Имено во 2018-тата година Филипче го спроведе скандалозниот тендер за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во јавните здравствени установи низ цела Македонија. „Крвавиот тендер” на Филипче тежок 35 милиони евра предвидуваше монопол во набавката на реагенси, а сето тоа ќе го добиеше компанија формирана неколку месеци пред тендерот, истакна Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната прес-конференција.
Оваа компанија раководена од тотални анонимуси и без било какво претходно искуство за набавка или продажба на медицинска опрема, беше фаворизирана уште со самата тендерска документација.
– За сериозноста, односно несериозноста на компанијата говори и фактот што истата беше управувана од човек по име Александар Јовановски – Жути, човек без било какво искуство во медицинската опрема, а во централниот регистар како адреса за контакт била наведена веќе легендарната zuti45@yahoo. Оваа адреса стана синоним за алаш вериш тендерите на Филипче. Сите овие скандалозни факти не беа доволни Филипче да не го додели овој огромен тендер, но дури после огромниот и голем притисок на јавноста и ВМРО-ДПМНЕ истиот да го поништи. Но, како и за многу други скандали, така и за овој обвинителството остана немо. Венко Филипче беше клучниот играч на Заев во сите криминалии и корупција кои се случуваа во здравството. Затоа и го штитеше и го чуваше на таа позиција. Тогаш го чуваше во министерското столче, сега го постави во претседателската фотелја во СДСМ – истакна Лефков.
Тој додаде дека Заев и Филипче мислат дека ако ја имаат СДСМ како заложник ќе може да ги уценуваат политичките процеси или да се пазарат со правдата и одговорноста.
– Се лажат. Одговорност ќе има, а народот веќе ги има прочитано што мостра се. Впрочем дереџето на кое се најде СДСМ во голема мера е резултат на Заев и Филипче и како тргнале да ја држат партијата во заложништво за личните интереси, така уште повеќе ќе ја тонат – порача Лефков.