Венко Филипче за својата неспособност и за катастрофалната епидемиолошка состојба во Македонија постојано се обидува да бара виновници во друг, само не во самиот себе. Еднаш тоа е опозицијата, друг пат угостителите, а сега ги обвинува граѓаните. Срамно и бедно, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Народот не е виновен за тоа што оваа мафијашка власт времето го поминуваше во криминал, корупција и предизборен поткуп.
Имаа 8 месеци да се подготват за вториот бран или барем да ја стабилизираат епидемиолошката слика во земјата. Сега кога се соочува со својот и владиниот неуспех, кога се случува колапс на здравствениот систем безобразно ги обвинува граѓаните.
За жал додека тој од ден во ден смислува изговори луѓе умираат од вирусот а болниците се полнат со стотици нови заболени на дневна основа.
Ако има барем малку доблест Венко Филипче и целата Комисија за заразни болести треба да поднесат неотповиклива оставка, барем од морален чин. Со корона кризата треба да се борат луѓе експерти, а не партиски и политички послушници на Заев, се вели во партиското соопштение.