Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица, објави американскиот институт Хелт дата (Health data), рангирајќи ја Македонија на шесто место по смртност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И не само тоа, американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата. Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона“, велат од опозициската партија.
Од таму додаваат дека секојдневно има по повеќе од десеттина починати, иако бројките на новозаболени се намалуваат.
„И според Ворлдометар (Worldometers) Македонија на светската листа по број на починати на милион жители е четврта. Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати“, соопштија од ДПМНЕ.