675
Откако во јавноста се пласираа неколку теории за тоа што сакал да каже еврокомесарот Филе кога рекол дека Македонија е во ќорсокак, конечно владејачката ВМРО – ДПМНЕ објасни што значела изјавата.
– Многу е просто. Филе мислеше на Боемската улица, која очигледно е слепа улица. А за тоа се виновни Жерновски и СДСМ кои потрошија 500.000 евра за ќорсокак – стои во соопштението на владејачката партија со кое ни пристигна и мапа за да се увериме во вистинитоста на тврдењето.