На крадењето на функционерите од ДУИ и СДС, веќе едвај може и да им се фати крајот, криминалот е влезен во сите пори на институциите, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Склучен е договор помеѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, со фирмата ЗОБЕК МИНИМГ ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ, на 25.08.2023 година, со кои се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорените страни, во врска со набавка за нивелирање на парцели во ТИРЗ Штип. Договорот е во вредност од 5.705.790 евра.
Фирмата ЗОБЕК од Дирекцијата за технолошко индустриски зони има добиено два тендери во 2021 година, и по еден во 2022 и 2023 година во вкупна вредност од 989.793.742 денари односно 16 милиони евра.
Во која европска држава една иста компанија добива 4 тендери по ред, а ова се случува од кога е поставен Јован Деспотовски за директор на ТИРЗ“ соопштија од опозициската партија.
Оттаму додаваат дека пристигнува крајот на ваквите девијантни појави на функционерите од власта, бидејќи, како што велат доаѓа и одговорноста за неколку месеци.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи богатење на грбот на народот и тоа ќе го докаже, по преземањето на власта, порачаа од партијата.