ВМРО-ДПМНЕ: Единствено што блеска во време на пандемија се бизнисите на Заеви

by Fokus

Македонската економија со СДСМ, Зоран Заев и Нина Ангеловска го допре дното. Очајни се обидите на СДСМ преку бледи и стерилни прес конференции да ја прикрие вистинската реалност и да прикаже дека Република Македонија блеска, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Економијата крахира, а граѓаните осиромашуваат. Единствено што блеска во време на пандемија се бизнисите на Заеви. Граѓаните на своја кожа го чувствуваат аматеризмот, неспособноста, неработењето и неодговорноста на власта на СДСМ. Лошото владеење на СДСМ и Зоран Заев резултира со буџетската дупка која што ја направија во само првите три месеци е 120 милиони евра, за цела година истата ќе биде и до 1.3 милијарди – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости