Уште еден доказ дека Македонија тоне секој ден, е последниот допис од Европската банка со кој ги информира властите во Македонија дека ги стопира предвидените 14 милиони евра наменети за изградба на штипската клиничка болница. Да биде најпоразително Европска банка ја констатира неспособноста и неодговорноста на власта на Заев коja од 2017-та година нема камен на камен ставено, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека ако овој капитален здравствен објект беше изграден, со веќе одобрени европски пари, целиот источен регион ќе имаше современ здравствен капацитет кој ќе спасуваше животи и ќе овозможеше квалитетна нега на пациентите.
-Во овие 4 години, власта на Заев наместо да инвестира во здравствениот систем беше посветена на криминал, корупција и матни тендери. Наместо капитални инвестиции беа фрлени на јакнење на капиталот на фамилијата Заеви.
Ете затоа Македонија губи средства од Европа кои биле претходно одобрени, но за жал поради некадарноста на владата на Заев да изгради нешто за народот, тие средства сега се стопирани.
Европа очигледно видела дека власта има капацитет да ги топи парите или да ги злоупотребува европските средства за тренирање на магариња, па решила средствата да ги запре. Ова е меѓународна финансиска бламажа од која губат Македонија и граѓаните, се наведува во соопштението.