608
ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за лидерска средба, но само доколку се разговара за предвремени парламентарни избори. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, изјави денеска дека иако нема покана за лидерска средба, тие како политичка партија изразуваат политичка волја за средба, со цел што поскоро да се организираат предвремени парламентарни избори.
-Власта и премиерот Заев да покажат зрелост, да се седне и да се разговара за што поскоро организирање на предвремени избори, бидејќи изворот на сите проблеми се наоѓа на Илинденска број2 – рече Столиковски.
Премиерот Заев минатата недела рече власта и опозицијата треба да седнат и да разговараат барем на три теми: закон за обвинителство, попис и измени на изборниот законик.