ВМРО-ДПМНЕ е против зголемување на даноците, имаат друг предлог

by Fokus

Власта го прави најлошото, а тоа е да се удри по џепот на граѓаните и претпријатијата, односно да се зголемат даноците, вели потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за предлог-даночната реформа што денеска на брифинг ја претстави министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Ќе кажам јасно и директно, ВМРО-ДПМНЕ е за ниски даноци и не само што е против зголемување на даноци, туку е и за кратење на постојните даноци затоа што сметаме дека најдобар начин да се развива бизнисот е да му се остави слобода, да му се остави рамен терен за игра и во исто време да има ниско оданочување како би можеле средствата да се употребуваат за развој, за нови производи и за нови работни места, рече Николовски.

При денешната посета на Прилеп, Николовски рече и дека власта не прави ништо за да го ублажи ударот од високата цена на енергенсите. Тој смета дека Буџетот е празен заради лоши економски политики и криминал и корупција.

Поврзани новости